Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар утре конечно се враќа на фудбалскиот терен, изјави тренерот на ПСЖ, Томас Тухел.
Герменецот рече дека скоро сигурно Нејмар ќе биде дел од составот на неговиот тим во дуелот против Монако. Со победа „светците“ уште сега можат да ја осигураат титулата во Лига 1, иако ПСЖ на последните три меча освои само еден бод.
Нејмар нема настап за својот клуб уште од јануари годинава кога го повреди стапалото, а претходно настапи на 13 првенствени меча на кои постигна 13 гола.
Тухел информираше дека Едисон Кавани е новата повредена ѕвезда на тимот од „Паркот на принцовите“, но најави дека Уругваецот ќе биде подготвен за финалето на Купот на Франција против Рен за седум дена.