Турскиот кошаркар со македонски корени, родениот охриѓанец Чеди Осман (24) за турските медиуми изјави дека е подготвен да и се стави на располагање на турската репрезентацијата за престојниот кошаркарски Мундијал во Кина и рече дека се радува што ќе може да игра против американската репрезентација.
„Сите се радуваме на Светското првенство, многу сме нестрпливи. Веќе размислувам за тренинзите и за играњето кошарка. Имав долга сезона и ми треба одмор, но ќе бидам подготвен кога ќе и требам на репрезентацијата. Сонувам за Светското првенство, ќе биде тоа голем турнир за сите. Одвај го чекам натпреварот против САД“ – рече Осман.
Осман е член на НБА тимот Кливленд Кавалирс.