Вознемирувачки вести попладнево доаѓаат од Шпанија. Предводникот на фудбалската селекција на Шпанија, екс-фудбалерот на Барселона, Луис Енрике има рак на крвта (леукемија).
Шпанските медиуми засега немаат потврда за веста, но наскоро се очекува официјална информација за состојбата на Енрике од тамошната Федерација.
Од една од најтешките болести на денешницата почина и екс-тренерот на Барселона, Тито Виланова.
Луис Енрике за неколку дена ќе полни 49 години. Како фудбалер за „Црвената фурија“ настапи на 62 меча, постигна 12 гола. Како тренер ги предводеше екипите на Рома, Селта Виго и Барселона, а актуелен селектор на Шпанија е од 2018 година.
Sad News: Former barcelona player and coach Luis Enrique is suffering from Blood Cancer.?#GetWellSoonBoss pic.twitter.com/EFyvzLhLLG
— Barcaholics (@MoviesMissed) April 20, 2019