Top Sport

Поборски по инфекцијата на мозокот: Бев во кома, лицето ми беше парализирано!

Легендата на чешкиот фудбал, Карел Поборски (47) за „Гардијан“ раскажа низ што се поминал откако инфекција му го зафатила лицето и бил во кома. Поборски со тешката инфекција се соочил во летото 2016 година.

„Ден подоцна да сум отишол во болница, овој разговор не би се одвивал. Дојдов во болница за да видам што е причина за инфекцијата, а тогаш итно ме ставија во кома. По будењето ме прашаа како се викам, а сите мускули на лицето ми беа парализирани. Тоа беше инфекција на мозокот. Три недели бев во карантин со силни антибиотици. Силно бев исплашен затоа што не можев да јадам и да ги држам очите отворени, светлото ми пречеше“ – вели Карел Поборски.

Фудбалерот кој во кариерата настапуваше за Манчестер Јунајтед, Бенфика и Лацио вели дека причина за инфекцијата била бактерија која се наоѓала во неговата брада, која подоцна се проширила кон мозокот.

За среќа се завршило добро, тој потполно се опоравил. Во разговорот за „Гардијан“ Поборски се сетил и на својата кариера помината во Јунаjтед под палката на Сер Алекс Фергусон.

„Пред финалето на Европското првенство, Сер Алекс Фергусон дојде во Престон каде нашата репрезентација беше сместена и ме праша дали сум заинтересиран да станам играч на Јунајтед. Веднаш одговорив да“ – вели Поборски кој во финалето на Чешка против Англија на ЕП во 1996 година загуби од Германија со златниот гол на Оливер Бироф во 95 минута.

Scroll to Top