Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи ги уверуваше навивачите на „бјанконерите“ дека тимот ќе се засили по осмата титула во низа во Италија, но дека Аргентинецот Пауло Дибала и покрај многуте шпекулации „сигурно останува“.
Јувентус со 2:1 победата над Фиорентина во саботата ја освои титулата на пет кола пред крајот, а Паратичи е во тимот од стартот на низата, кога беше помошник на Бепе Марота.
„Во 2010 беше лудило да се помисли дека вакво нешто е можно. Нема тајна на успехот, тука дојдовме со напорна работа на тренерите и фудбалерите. За следната година ќе го имаме вообичаениот состанок по крајот на сезоната, но сигурно ќе го подобриме тимот. Макс Алегри ќе остане тренер, Дибала сигурно ќе остане. Тој е фудбалер на Јувентус и нема да оди никаде“, вели Паратичи.