Top Sport

Нил Ворнок, тренерот кој навистина го мрази Ливерпул

Кардиф ќе го пречека Ливерпул денеска во меч кој двата тима едноставно мораат да го добијат, и уште еднаш ќе му даде шанса на менаџерот на велшкиот клуб, Нил Ворнок да ја покаже својата омраза кон „црвените“.

Оваа сезона тој веќе еднаш прати порака до Ливерпул обвинувајќи ги за „недостаток на класа и почитување“ околу позајмицата на Натаниел Клајн, кој замина во Бурнемаут, иако им бил ветен на Кардиф.

„Тоа е срамота и покажува недостаток на класа. Тоа што воопшто не се јавија беше навистина смрдливо од нив“, изјави Ворнок.

Кој е проблемот на Ворнок со Ливерпул? Несогласувањата почна уште во 2003 година, кога како тренер на Шефилд јунајтед гостуваше на „Енфилд“ во полуфиналето од Лига купот. Шефилд го добија првиот меч, но загубија во продолженија во Ливерпул, а Ворнок беше во конфликт со играчите на Ливерпул по крајот на мечот. Тој го обвини Швајцарецот Стефан Хеншоз дека го плукнал, објаснувајќи дека го направил тоа „бидејќи не е Англичанец, нели?“.

Четири години подоцна, Шефилд јунајтед се бореа за опстанок, а Ливерпул веќе имаа обезбедено топ 4 финиш. Тимот на Рафа Бенитез гостуваше кај Фулам, и на теренот извади ослабен тим, одмарајќи повеќе првотимци. Фулам победи со 1:0 и излезе пред Шефилд на првото место.

„Тоа не беше ниту резервен состав. За двајца од тие фудбалери никогаш не слушнав пред тој меч“, изјави тогаш Ворнок.

Останува да се види како ќе заврши ова гостување на „Енфилд“.

Scroll to Top