Атлетико Мадрид го совлада Еибар со 1:0 во саботата, но повторно имаше контроверзи со „јорганџиите“, откако Томас Лемар во финишот ја донесе тешката победа, но и неверојатниот случај кога судијата Хавиер Алберола Рохас неочекувано го допре Алваро Мората на вратот во финишот, предизвикувајќи лута реакција на напаѓачот.
Тренерот Диего Симеоне беше лут по мечот, додавајќи дека тој добивал казна за допирање на четвртиот судија.
„Секако дека Алваро беше лут. Тоа ме потсети на моментот кога јас го направив истото на еден судија и добив суспензија од четири меча“, вели Симеоне.
И соиграчот на Мората, Коке беше шокиран.
„Никогаш не сум видел такво нешто. Не знам што треба да се случи. И нашите фудбалери некогаш грешеле со судиите, но овојпат вината беше кај судијата. Мора да се разгледа ситуацијата“, вели Коке.