Top Sport

Буфон: Не сакам да испаднам будала

Ветеранот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон вели дека ќе почека пред да одлучи што ќе прави по фудбалот.

Тој ќе ги остави голманските ракавици на крајот на сезоната откако Италија не успеа да се квалификува за Светското првенство, и 39-годишниот ветеран не знае дали се гледа во директорска позиција како Франческо Тоти во Рома.

„Дали се гледам како директор во иднина? Не сакам да изгледам како будала, така што ќе одлучам што ќе правам кога доволно ќе се подготвам. Бев играч од средниот ред до 12-тата година и потоа дојде Светското првенство во 1990 и симпатиите со Камерун. Навистина го почитував Томас Н’Коно и сакав да бидам како него. Затоа застанав на голот. Како го замислувам последниот натпревар? Како првиот, со многу ентузијазам и гордост“, изјави Буфон во интервју за официјалниот веб-сајт на УЕФА.

Scroll to Top