Заменик капитенот на Ливерпул, Џејмс Милнер вели дека нема да ја троши својата енергија да го гледа мечот Манчестер јунајтед-Манчестер сити во среда, и покрај тоа што за надежта на „црвените“ за титула зависи токму од тој меч.
„Искрено не ги гледам како играат. Тоа е трошење на енергија, да посакуваш топката да заврши во мрежата и такви работи. Не можам да правам ништо, така што ќе го оставам телефонот неколку часа и ќе проверам подоцна. Можеби ќе одам да јадам нешто“, вели Милнер.
За разлика од повеќето фудбалери на Ливерпул, за Милнер ова не е нова ситуација – тој беше дел од Манчестер сити кој го победи Ливерпул во 2014 и кој го победи Манчестер сити во драматичен финиш во 2012.
Сега тој мора да навива за Јунајтед, што е сосема необично за некој кој во кариерата играл за Лидс, Манчестер сити и Ливерпул.
„Тоа ќе биде првпат во мојот живот!“, признава Милнер.