Top Sport

Хаос во Белград! Неизвесен стартот на „мајсторката“ на АБА-финалето (видео)

Одигрувањето на „мајсторката“ на финалето на АБА-лигата помеѓу тимовите на Црвена звезда и Будуќност, засега е неизвесна по хаосот во салата „Пионир“ кој го направија домашните навивачи кои влетаа на теренот.

Звезда ги доби првите два натпревари во Белград, додека Будуќност победи во двата меча во Подгорица, така што за регионалната титула и за место во Евролигата ќе се одлучува во овој меч.

Кошаркарот на Будуќност, Норис Кол, прво со топка удри еден од камерманите присутни во салата, по што полетаа столчиња кон него и кон другите кошаркари на црногорскиот клуб, кои се повлекоа од загревањето.

Scroll to Top