Повеќе од јасно е дека Реал Мадрид летово ќе прави ремонт на фудбалскиот тим доколку сака идната сезона да биде конкурентен во Европа. Станува очигледно дека нити Лопетеги, ниту пак Солари не биле проблемот на Кралскиот клуб затоа што и Зидан ја продолжи губитничката серија на двајцата претходници.
Французинот е веќе тргнат по засилувања, а најзагреани „кралевите“ се за данскиот играч од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен.
Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви им порачал на мадриѓаните дека сака во својот тим повторно да го види Хрватот, Лука Модриќ.
„Дајте ни 50 милиони евра и Лука Модриќ за Ериксен“ – порачал Леви.
Кај „Спарси“ сметаат дека Ериксен е многу подобар од Модриќ кога овој бил на негови години, ако се знае дека Хрватот е седум години постар од Данецот.
„Ериксен е помлад и подобар, ако го сакате, повелете“ – порачаа од Тотенхем.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез најверојатно е свесен дека го очекуваат тешки преговори, па се чини дека е затечен од последната понуда од лондонскиот тим.