Ѕвездата на Манчестер сити, Рахим Стерлинг вели дека не се прави доволно во борбата против расизмот во фудбалот, и дека клубовите чии навивачи ќе пеат расистички песни треба да добиваат автоматска казна од 9 натпревари.
„Според мене потребна е автоматска казна од 9 поени за расистичко однесување. Тоа звучи строго, но кој навивач ќе ризикува да се однесува така ако клубот поради тоа испадне од лига или се уништат шансите за титула. Клубот исто така треба да игра три меча зад затворени врати. Така, ќе се загубат и парите поради расистичкото однесување“, напиша Стерлинг во колумна во весникот „Тајмс“.
24-годишниот Стерлинг оваа сезона неколку пати беше мета на расистички извици од трибините. Во март во квалификациски меч за Евро 2020 на гости кај Црна Гора тој беше главна мета на домашните навивачи.