Новиот француски прволигаш Амиен продолжува со одличните игри. Откако во петокот успеаја да го сопрат Монако и да одиграат 1:1, во понеделникот со 3:0 ги „здробија“ Лил за да излезат од зоната за испаѓање.
Човек на одлука за Амиен беше Херисон Манзала, откако доби две одлични асистенции и двапати го совлада голманот на Лил во одложениот меч од осмото коло во Лига 1.
Со победата, Амиен се искачи на 12. место во лигата со 15 поени, додека Лил е претпоследен со 12 поени по 13 кола во Лига 1.