Top Sport

Индијците ја тужат Шарапова, ѝ се заканува затвор од седум години!

олицијата во Делхи, Индија реши да ја обвини Марија Шарапова за учество во скандал со продажба на луксузни станови, обвинение за кое ако биде осудена може да добие дури седум години затвор.

Според „Тајмс оф Индија“, тенисерката била вклучена во изградба на станбен кварт под името „Балет од Шарапова“ во Гургаон, град во близината на Делхи, а проектот требал да биде завршен во 2016 година, но никогаш не почнал да се гради. Една од клиентките кои купиле стан побарала истрага за Шарапова и за изведувачите на проектот „Хоумстед инфрастракчр девелопмент“.

Првото сослушување е закажно за 23 ноември.

Scroll to Top