Рускиот ракометен интернационалец, Тимур Дибиров пред еден од двата најважни дуели за Вардар во досегашниот тек од сезоната во Лигата на шампионите, првото четвртфинале со ПИК Сегед во Скопје испрати порака преку социјалната мрежа Инстаграм.
„Последен натревар. Македонија и Македонци, фала ви за сè“, напиша тој илустрирано со фотографија од пречекот на ракометарите на Вардар по освоената титула во ЛШ во 2017 година.
Дибиров беше едно од првите засилување што сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко ги доведе во Скопје.
Вечерва се очекува натпреварот со ПИК Сегед да биде полн со емоции затоа што, според најавите на Самсоненко дека се повлекува од финансирањето на клубот, тоа ќе биде последен меч во ЛШ за тимот составен од големи ракометни имиња.
https://www.instagram.com/p/BwrYzsMAjnm/?utm_source=ig_web_button_share_sheet