Top Sport

Супер-компјутерот тврди: Ливерпул ќе киксне со Њукасл, Сити ќе е шампион

Англичаните не можат да дочекаат да видат кој ќе биде шампион во Премиерлигата оваа сезона. По последниот меч и победата против Јунајтед, Манчестер Сити на три кола до крајот е во пол позиција пред Ливерпул. „Граѓаните“ имаат бод повеќе од „црвените“.

Таканаречениот супер-компјутер ги предвидел резултатите на двата тима во последните 3 кола.

Ако му се верува, Ливерпул утре ќе го победи Хадерсфилд со 2-0, додека Сити ќе слави викендов против Барнли со 2-1.

Машината предвидува дека најтешкиот испит избраниците на Клоп ќе го имаат во претпоследното коло против Њукасл каде ќе ремизираат 1-1. Компјутерот предвидува дека избраниците на Пеп Гвардиола истото коло ќе го совладаат Лестер и на коло пред крајот ќе ја обезбедат титулата.

По оваа калкулација, Сити би имал 3 бода предност и со евентуален пораз во последното коло, сепак би го грабнал трофејот затоа што има подобра гол разлика од конкурентот.

Предвидувањата се дека Ливерпул во последното коло ќе го добие Вулверхемптон, а Сити ќе триумфира над Брајтон за изглед на табелата:

Манчестер Сити – 98 бода.
Ливерпул – 95 бода.

Scroll to Top