Тоа што не го добија посакуваниот резултат од манчестерското дерби не влијаеше на Ливерпул, кои со 5:0 го „здробија“ веќе испаднатиот Хадерсфилд и се вратија на првото место во Премиер лигата, барем до неделниот меч Барнли-Манчестер сити.
Откако Сити го победи Јунајтед со 0:2 на „Олд Трафорд“, борбата за титулата веќе не е во рацете на Ливерпул, бидејќи пред ова коло, „граѓаните“ имаа поен предност на три меча пред крајот на сезоната (сега два меча за „црвените“).
Тоа не ја наруши атмосферата на „Енфилд“, каде што намерите станаа јасни уште во 15. секунда кога Наби Кеита го постигна првиот гол. Во фуриозното прво полувреме, Садио Мане и Мо Салах (со фантастичен гол) донесоа 3:0 водство и победникот беше јасен и само се гледаше колку голови ќе прими Хадерсфилд. Мане и Салах го продолжија гол-шоуто за празнична атмосфера во Ливерпул.
Ливерпул сега има два поени пред Сити на табелата – 91 во споредба со 89.