Top Sport

Покетино: Кејн ќе игра во финалето

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, открил дека рехабилитацијата на Хари Кејн тече според планот и дека напаѓачот би бил подготвен да се врати во тимот доколку Спарс изборат пласман во финалето, во Лигата на шампионите.

Најдобриот играч и стрелец на Тотенхем, го повреди глуждот на 9 април, на првиот четврт-финален натпревар против Манчестер сити.

„Неговата рехабилитација тече според планот, би можел да се врати пред 1 јуни. Се надевам дека ќе биде подготвен за финалето, доколку се пласираме“, рекол Покетино пред мечот со Вест Хем во Премиер лигата.

Тотенхем во првиот полу-финален меч, во вторник, ќе игра против Ајакс. Финалето во Лигата на шампионите на програмата е на 3 јуни во Мадрид.

Scroll to Top