Top Sport

Игуаин+Кансело+Дибала=Икарди

Нова епизода од серијалот Мауро Икарди. Поранешниот капитен на Интер ќе замине од клубот, а нема ден медиумите да не лансираат нова информација околу неговиот нареден клуб.

ПСЖ понудиле 70 милиони евра, меѓутоа Икарди не сакал да оди во Париз, а исто така ја одбил и понудата од Атлетико Мадрид.

Како опции за него остануваат Реал Мадрид и Јувентус. Трансферот во Реал е речиси невозможен бидејќи Зидан не сака да има работа со фудбалер кој може да донесе проблеми во соблекувалната.

Од друга страна Јувентус се заинтересирани, а италијанските медиуми пренесуваат дека од Торино понудиле тројца фудбалери за Икарди.

Наводно, Фабио Паратичи и останатите челници на „старата дама“ биле подготвени да се откажат од услугите на Гонзало Игуаин, Паоло Дибала и Жоао Кансело за да го добијат Икарди. Доколку трансферот биде реализиран тогаш место во тимот на Јувентус нема да има ниту за Марио Манџукиќ.

Сепак прашасње е колку е реална оваа замена, бидејќи Дибала неколку пати изјавил дека не сака да оди во Интер, Кансело токму од овој тим пристигна во Јувентус, а единствено Игуаин не би се противел бидејќи за него нема место во Јувентус.

Scroll to Top