Масимилијано Алегри мораше да ја брани својата стратегија во живо на италијанската ТВ, откако Јувентус одигра 1:1 на гостувањето кај Интер.
По мечот тој беше гостин на „Скај спорт Италија“, каде што влезе во остра расправија со поранешниот фудбалер Даниел Леле Адани, кој од 2012 е експерт за италијански фудбал на телевизијата.
„Против Ајакс страдавме со нивните контранапади, а не од стилот на фудбал, кој направи да изгледа дека имаат неверојатен натпревар. Истото беше и вечерва, кога ќе утнеш многу додавања, ризикуваш многу. Понекогаш мораш да импровизираш. Има разлика меѓу играње добро и победување. Во Италија сите се теоретичари на фудбалот. Сега ти ќе замолчиш, а јас ќе зборувам, бидејќи не знаеш ништо за фудбалот. Седиш таму зад масата, ги читаш книгите, но не знаеш ништо за практиката на овој спорт. Јас освоив шест Скудета“, се налути Алегри и си замина од интервјуто.
Allegri vs Adani integrale
Allegri pessimo davvero. Manca gravemente di risperro ad Adani. “Ho vinto 6 scudetti”. Ma chi sei?! pic.twitter.com/Y8Aj1RGQaC
— MinaInterista (@MinaInterista) April 27, 2019