Top Sport

Нирнберг утна пенал во последната минута, Баерн едвај спаси поен (видео)

Баерн Минхен не успеа целосно да го искористи поразот на Борусија Дортмунд од Шалке (2:4), откако на гостувањето кај претпоследниот тим на табелата, идниот второлигаш Нирнберг одигра само 1:1 и имаше среќа што заработи барем поен откако домаќините утнаа пенал во судското продолжение.

Сега, наместо да избегаат четири поени пред „милионерите“, Баерн има само два поени повеќе на три кола пред крајот на сезоната.

Нирнберг поведе во 48. минута, кога Переира налета на топката која ја одби голманот Свен Улрајх и од работ на шестнаесетникот донесе славје за домашниот тим. Баерн израмни на 15 минути пред крајот, кога Кингсли Коман одлично му асистираше на Серж Гнабри, кој го лобуваше домашниот голман. Сепак, Баварците треба да се среќни што заминуваат од стадионот „Макс Морлок“, откако во 91. минута,Тим Лајболд утна пенал, погодувајќи го дирекот!



Scroll to Top