Португалскиот тренер, Жозе Мурињо е без работа од средината на декември кога заработи отказ во Манчестер Јунајтед. Последните информации се дека голема е веројатноста Португалецот повторно да работи како тренер на Островот, но не во Премиерлигата.
Информациите се дека шкотски Селтик го бара Мурињо на тренерската клупа. Иако до скоро Жозе беше поврзуван како опција за кормилар на Лион, Баерн Минхен па и Бенфика, сепак шкотскиот гигант е најновата опција за трофејниот тренер.
Актуелниот тренер на Селтик, Нил Ленон го напушта клубот по завршувањето на сезоната, па „зелено-белите“ ќе бараат ново решение за менаџер на тимот.