Top Sport

Зверев е во криза: Раскина со девојката, маки со менаџерот, татко му е болен

Германскиот тенисер Александер Зверев ќе се обиде следните денови во Минхен да го поправи впечатокот по прилично бледите игри што ги имаше во првата третина од сезоната.

Со само едно финале во Акапулко, се друго завршуваше уште во вториот или третиот круг, тоа е премалку за амбициозниот 21-годишен тенисер кој моментно е трет на АТП листата.

Пред стартот на турнирот во Минхен откри што го мачи.

Во февруари раскинал со девојката, останал без менаџерски тим, а последната лоша вест е дека татко му се разболел и не може да го следи на турнирите.

„Многу работи се случија во последниот период. Ситуацијата околу менаџерството ме чинеше многу. По првпат и мојот татко не може да биде со мене поради болест. И раскинав со девојката. Сето тоа влијаеше на мене. Можеби други играчи не би зборувале за тоа, но тоа не е случај со мене. Секогаш зборувам од срце“ – вели Зверев.

Scroll to Top