Мохамед Салах осетил болка во мускулот на ногата и го напуштил тренингот пред своите соиграчи. Засега нема информации за сериозноста на повредата, сепак се чини дека не станува збор за посериозна повреда.
Ливерпул е во самата завршница на сезоната и се бори за два трофеи. Секој играч им е исклучително битен, а по денешниот тренинг фановите на „црвените“ имаат причина за дополнителна главоболка.
Во среда Ливерпул на „Енфилд“ го игра првиот полуфинален меч против тимот на Барселона. Освен Салах, под знак прашање е и настапот на Фирмињо, кој поради превенција го пропушти дуелот во петокот во Премирлигата со Хадерсфилд.
„Фирмињо пред натпреварот со Хадерсфилд тренираше нормално, и тогаш ми се пожали на болка во мускулот. Имал мало истегнување и не сум сигурен дали ќе се опорави до среда за Барселона“ – рече Јирген Клоп.
Ливерпул освен во ЛШ, во мртва трка е и со Манчестер Сити во Премиерлигата. „Граѓаните“ на две кола до крајoт имаат бод повеќе од Ливерпул.