Top Sport

Играчите на Ајакс слетаа во Лондон и порачаа: Не дојдовме како туристи!

Ако се прашуваат светските обложувалници, холандски Ајакс е фаворит за да игра финалето на Лигата на шампионите. Утре во 21 часот Ајакс во Лондон му гостува на Тотенхем во полуфиналето на најквалитетното фудбалско натпреварување во Европа, а коефициентот за Ајакс е 1.80, додека за „спарси“ да играат во борба за трофејот во ЛШ коефициентот е 2.00.

Штом денеска слетаа на аеродромот во Лондон, холандските фудбалери кои се хит сезонава во ЛШ испратија порака на Твитер:

„Не дојдовме овде како туристи“.

Ајакс претходно сезонава успеа да елиминира два фудбалски гиганти, Реал Мадрид и Јувентус.

Scroll to Top