Top Sport

Галатасарај не го искористи „подарокот“ од Башахшехир

Фудбалерите на Галатасарај пропуштија уште една можност со победа да избијат на чело на табелата во турската прва лига на 4 кола до крајот. Денеска одиграа без голови на гостувањето кај Коњаспор и со освоениот бод останаа на втората позиција на табелата.

Актуелниот турски шампион не успеа да го искористи „подарокот“, односно несреќниот пораз на лидерот на табелата Башахшехир на домашен терен од Гостепе со 0-2.

По ова 30. коло најмногу профитираше Бешикташ кој сега е трет на табелата, со 1 бод зад Галатасарај и 3 бода помалку од лидерот Башахшехир.

Се очекува појасна да биде ситуацијата на 5 мај кога се игра големото турско дерби меѓу Галатасарај и Бешикташ.

Scroll to Top