Top Sport

„ЕСПН“: Јунајтед подготвува 120 милиони евра за Јан Облак!?

Шпанскиот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа на четири од последните пет сезони е прогласуван за најдобар играч во тимот, но и тој почна со киксови, како впрочем и целиот тим на „ѓаволите“.

Угледниот „ЕСПН“ пишува дека Де Хеа иако има договор со Јунајтед до 2020 година би можел уште летово да го напушти „Олд Трафорд“. Информациите се дека „ѓаволите“ сериозно размислуваат да платат откупна клаузула од 120 милиони евра за Словенецот, Јан Облак кој е прва опција на голот на Атлетико Мадрид.

Словенецот го продолжи договорот со мадридскиот клуб до 2023 година, но доколку продолжат најавите на фудбалерите за напуштање на тимот на „јорганџиите“, тогаш не е чудно и Облак да се одлучи да замине од Мадрид.

Едно е сигурно, ако голманот реши да си оди од Атлетико, веројатно би преминал во клуб кој конкурентен во Лигата на шампионите следната сезона.

Scroll to Top