Јувентус и Интер би можеле да договорат размена според која Мауро Икарди би заминал во Торино, а во спротивна насока би се преселил Моизе Кен.
„Кориере дело Спорт“ наведува дека челниците на Интер Бепе Марота и Пјеро Аусилио веќе разговарале со Мино Ракола, менаџерот на 19-годишниот напаѓач Кен.
Од друга страна, спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, веќе ја започнал „операцијата Икарди“.
Покрај Икарди, челниците на Јувентус не го кријат интересот за Милан Шкрињар.