Top Sport

Зголемен наградниот фонд на Вимблдон

Организаторите на најпрестижниот тениски турнир во светот, Вимблдон, соопштија дека за 11,8 отсто го зголемиле наградниот фонд на турнирот.

Победниците во сингл, во машка и женска конкуренција, ќе заработат по 2,35 милиони фунти, што е зголемување за 100.000 фунти во однос на минатата година.

Вкупниот награден фонд оваа година изнесува 38 милиони фунти.

Повеќе пари организаторите обезбедиле и за квалификантите, односно за тенисерите или тенисерките што ќе испаднат во првото, второто или третото коло. За овој дел од турнирот паричните награди се зголемени за 10 отсто.

Организаторот соопшти и дека оваа сезона нема да биде воведен часовникот што го мери времето за сервис, а потврдено е дека тај-брејк во решавачкиот петти сет кај мажите, односно третиот сет кај жените ќе се игра прит резултат 12:12.

Титутлите во сингл оваа година ќе ги бранат Новак Ѓоковиќ и Анжелик Кербер.

Scroll to Top