Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг имаше совршен одговор на коментарите на ривалот од Тотенхем, Маурисио Почетино, кој се пожали дека холандскиот клуб има не-фер предност поради тоа што холандската Ередивизие реши да одложи цело коло како помош за клубот.
Ајакс требаше да играат со Де Графшап во неделата, пред денешниот меч со Тотенхем, но правилата на Ередивизие велат дека мора да има пауза од најмалку два дена помеѓу два меча на нивните тимови и го одложи колото. Почетино се пожали дека ривалите имаат повеќе време за подготовка и одмор.
Тен Хаг вели дека ТВ-парите од Премиер лигата се вистинската „не-фер“ предност која ја имаат англиските клубови.
„Ние добиваме 10 милиони евра од Ередивизие, а тие добиваат многу повеќе пари бидејќи се во Премиер лигата. Дали тоа е фер кон нас? Секогаш има различни услови. Мора да се справиш со тоа, и ние како клуб го правиме тоа“, вели Тен Хаг.
Почетино се жали: Не е фер што Ајакс имаат повеќе време за одмор