Фудбалерот на Тотенхем, Јан Фертонген доби очигледен потрес на мозокот, но зачудувачки му беше дозволено да продолжи да игра, пред Белгиецот сам да побара замена и на крајот едвај да излезе од стадионот во текот на полуфиналето од ЛШ против Ајакс.
Фертонген доби удар во носот од голманот на Ајакс, Онана, и иако првично се мислеше дека се работи само за исеченица на носот, набргу стана јасно дека тој има посериозна повреда. Тој дојде покрај тренерот Маурисио Почетино, кој мораше да го придржи пред да биде изнесен од теренот.
Vertonghen just went from bad to really bad in real time. Looks like a concussion. pic.twitter.com/xkS9SziEsU
— Give N’Golo ?? (@FPLHazardous) April 30, 2019