Top Sport

ПСЖ го сака „џелатот“ на Јуве и на Тотенхем, Ван де Бек од Ајакс!

Дони Ван де Бек (22) беше стрелец на единствениот гол на синоќешната гостинска победа на Ајакс кај Тотенхем во првото полуфинале на ЛШ. Дуелот во Лондон го следеа голем број на скаути, а во фокусот беше играчот кој слично како синоќа, постигна гол и против Јувентус во четвртфиналната елиминација на италијанскиот гигант.

Како што пренесува француски „Канал +“ во трката за младиот играч на „копјаниците“ се вклучи ПСЖ. Неофицијално, преговорите меѓу двата клуба започнаа, а Ајакс за трансфер на фудбалерот бара минимум 58 милиони евра.

Сезонава играчите на Ајакс се на цена. Френки де Јонг премина во Барселона, а голема е веројатноста дека тимот од Амстердам ќе го напушти и капитенот Матијс де Лихт.

Scroll to Top