Top Sport

Анадолу Ефес се пласираа на завршниот турнир во Евролигата

Кошаркарите на Анадолу Ефес ја комплетираа листата на учесници на завршниот турнир во Евролигата. Турскиот тим во мајсторката ја победи Барселона 80:71. Ефес по пауза од 18 години повторно ќе игра на завршниот турнир.

Барселона добро влезе во мечот, првиот период го доби 28:21, а Ефес фатија приклучок со влегувањето во игра на Василије Мициќ. Тој во втората четвртина постигна 10 поени, а Ефес на полувреме замина со предност од пет поени. домашниот тим

Мициќ натпреварот го заврши со 10 поени и исто толку асистенции, три скока и две украдени топки. Најефикасни во домашниот тим беа Шејн Ларкин и Адријан Моерман со по 18 поени, Леркин имаше и седум асистенции.

На спротивната страна Крис Синглтон и Томас Ертел постигнаа по 12 поени, а Американецот имаше и осум скока.

Анадолу Ефес, во полу-финалето на завршниот турнир, за противник ќе го има градскиот ривал Фенербахче. Во второто полу-финале ќе играат европскиот првак Реал и ЦСКА Москва.

Scroll to Top