Голманот на Порто, Икер Касилјас, на утринскиот тренинг доживеал срцев удар. Тој е хоспитализиран во една приватна клиника во Порто,а неговата здравствена состојба е стабилна.
Откако медиумите ја објавија веста дека светскиот и европски првак со Шпанија завршил в болница, од сите страни на светот, од активни и поранешни фудбалери и фудбалски клубови, на социјалните мрежи беа испратени пораки со поддршка за Касилјас.
Голманот вечерва на социјалните мрежи им се заблагодарил на сите.
„Се е под контрола. Добро се исплашив, но јак сум како и секогаш. Благодарност до сите за поддршката и љубовта што ми ја испратија“, напишал Касилјас.