Портланд Трејлблејзерс направија брејк на теренот во Денвер со победата 97:90 и го израмнија резултатот во полу-финалната серија на Западот на 1-1.
Трејлблејзерс знаеја да го казнат лошиот шутерски ден на домашните кошаркари. Без многу осцилации во играта тие имаа максимални 17 поени предност. Денвер успеаја да стигнат на пет поени негатива на 35 секунди до крајот, а откако Јокиќ не погоди тројка, јасно беше дека резултатот во серијата ќе иде израмнет.
Никола Јокиќ ги предводеше Денвер со 16 поени, 14 скока и 7 асистенции, двоен ефект забележа Пол Милсап (14 поени, 11 скока), а Замал Мареј постигна 15 поени.
Си-Џеј Мекалум беше најефикасниот играч на Портланд со 20 поени, а по 15 поени постигнаа Родни Худ и Енес Кантер.