Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рекол дека е задоволен од играта, но не и од резултатот, по поразот од Барселона во првиот полу-финален натпревар во Лигата на шампионите.
„Таков е фудбалот. Се работи за головите, тие постигнаа три, ние ниту еден. Нашето издание беше добро, момците одиграа сјаен натпревар. Но, на Барселона и се потребни само неколку шанси. Задоволен сум од играта, не и од резултатот. Таков е фудбалот, тешко е но мораме тоа да го прифатиме“, рекол Клоп.
Германецот потенцирал дека неговите играчи доминирале на теренот до моментот кога Меси зголеми на 2:0, а дека голот за 3:0 што го постигна Аргентинецот не можел да се брани.
Реваншот во Ливерпул ќе се одигра во вторник.