Top Sport

Марка: Меси веднаш треба да ја добие Златната топка

Лео Меси утрово е тема на сите спортски медиуми во светот. Според нив, неговата партија и особено голот што го постигнал слободниот удар, само ја потврдиле тезата дека тој е „фудбалскиот Бог“ во храмот на фудбалот „Ноу Камп“.

Импресивната партија на Аргентинецот не можеа да ја игнорираат ниту во Мадрид. Најтиражниот шпански весник, кој за многумина е гласилото на Реал Мадрид, „Марка“, пишува: „Го зеде тимот, го стави на својот грб и со толку голем товар го прегази Ливерпул, кој заслужи многу повеќе“.

„Марка“ нема дилема дека иако до крајот на годината има уште осум месеци Златната топка треба да му биде доделена на Аргентинецот.

„Меси сега ја има во џебот Златната топка. Во суштина ова утро треба да му ја предадат“.

Scroll to Top