Челниците на Рома ја одбиле понудата од ПСЖ, по завршувањето на сезоната Един Џеко да се пресели во Париз, а Единсон Кавани во Рим.
Според „Газето дели Спорт“, од Рома ја одбиле понудата бидејќи за нев претставува преголем проблем плата на Кавани. Уругваецот во ПСЖ годишно заработува 14 милиони евра.
Планот на римскиот клуб да ги намалат средствата што се издвојуваат за плати. Поради тоа и го продаваат 33 годишниот Џеко. Репрезентативецот на БиХ од Рома добива пет милиони евра годишно.
Интерес за Џеко постои кај неколку други клубови, пред сите кај Интер, но Италијаните не ја исклучуваат можноста тој да се врати во Бундес лигата. Борусија Дортмунд и Лајпциг, екипи што ќе играат во Лигата на шампионите, го сакаат овој напаѓач во своите редови.