Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, сериозно размислувал да го напушти клубот, пишува „Кикер“. 29 годишниот фудбалер имал неколку сериозни понуди од Италија и Англија.
Милер е член на првиот тим на Баерн од 2008 година, досега одиграл 481 натпревари и постигнал 185 голови. Сепак оваа сезона не е во преден план, а според истиот извор тој не бил во најдобри односи со тренерот Нико Ковач.
Барсем засега најсериозните понуди што ги добил се од ривалите од Милано, Интер и Милан, а „Кикер“ не открива кои клубови од Премиер лигата се заинтересирани за поранешниот германски репрезентативец.
Инаку, во Баерн летово подготвуваа реконструкција на тимот, веќе ги потпишаа Лукас Ернандез и Бенжаман Павар, а исто така е сигурно дека клубот ќе го напуштат ветераните Аријан Робен и Франк Рибери.