Барселона, синоќа го декласира Ливерпул со 3:0, во првиот полу-финален меч во Лигата на шампионите. Реваншот треба да претставува формалност, иако е јасно дека „црвените“ нема така лесно да се предадат.
Ден по натпреварот лоши вести добил менаџерот Јирген Клоп. Поради повреда Наби Кеита веројатно ја завршил сезоната. Репрезентативецот на Гвинеја беше стaртер на „Ноу Камп“, но поради проблеми со адукторот тој излезе од теренот во 20 минута.
Ливерпул до крајот на сезоната треба да игра најпрвин со Њукасл, потоа со Барселона и на крајот со Вулверхемптон.
24 годишниот Кеита во својата прва сезона за Ливерпул одиграл 33 натпревари на кои постигнал три гола.