Вељко Мршиќ (48) актуелен спортски директор на КК Цедевита е именуван за нов селектор на кошаркарската репрезентација на Хрватска.
Мршиќ на клупата е ќе наследи Дражен Анзуловиќ кој отстапи од функцијата по неуспешните квалификации за пласман на Светското првенство во Кина.
Од ноември минатата година Мршиќ беше спортски директор на Цедевита, а претходно ги минал сите скалила во овој клуб. Започнал како тренер на јуниорскиот тим, потоа во шампионската сезона, кога Цедевита ја освои титулата во Хрватска, му бил помошник на Јасмин Репеша, а до ноември беше и тренер на првиот тим.
Мршиќ со Цедевита три пати бил шампион на Хрватска, а два пати го освои Купот на оваа земја.