Поранешниот напаѓач на Арсенал, Емануел Адебајор преку социјалните мрежи демантираше дека изјавил дека неговиот поранешен колега Томаш Росицки би се повредил кога би му кажале „здраво“.
33-годишниот Тогоанец играше за Арсенал од 2006 до 2009 година, покажувајќи одлична игра и постигна 62 гола за тимот на Арсен Венгер, меѓутоа замина неславно во 2009 кај ривалите Манчестер сити и поради тоа беше „распнат“ од фановите на „топчиите“. Овој однос уште повеќе стана непријателски, кога Адебајор истрча цел терен на „Етихад“ за да слави пред навивачите на Арсенал по четвртиот гол за Сити само неколку месеци по доаѓањето кај „Граѓаните“.
Оваа недела пак, тој во интервју со францускиот „Со фут“, повторно го критикуваше Арсенал, Арсен Венгер и нивниот состав, а посебно остана запаметена изјавата за Томаш Росицки.
„Челси ги имаа Есиен и Балак во средината, ние го имавме Росицки. Ако му кажевте ‘како си’, тој ќе беше повреден три и пол месеци“, изјавил Адебајор.
По овие непотребни коментари, Адебајор на Твитер изјави дека овие изјави се „целосно невистинити“.
„Изјавата е целосно неточна. Имам целосна почит кон сите мои поранешни клубови и соиграчи. Ви благодарам“, напиша Адебајор.
Сепак, од веб-сајтот „Гоал“, имаа одговор на обвинувањата на Адебајор – директен превод од изјавите на Тогоанецот во интервјуто со „Со фут“.
Hi Emmanuel. These are direct, accurately translated quotes from your interview with So Foot magazine. Did this interview not happen? pic.twitter.com/kXCnwC7rvG
— Goal (@goal) November 20, 2017