Екипата на Милан по две децении ќе добие нов технички спонзор – „Пума“, објавија италијанските медиуми.
Славниот италијански клуб веќе 20 години ја носи опремата на „Адидас“, а неодамна овој производител на спортска опрема најави дека наредното лето ќе ја прекине соработката, четири години порано од предвидениот договор, бидејќи Милан повеќе не е во сопственост на Силвио Берлускони.
Новите челници на Милан експресно реагираа и наскоро ќе ја официјализираат соработката со „Пума“, според која тимот од „Сан Сиро“ годишно ќе добива од оваа компанија 15 милиони евра.
Договорот помеѓу Милан и „Пума“ ќе започне да важи од 1.јули 2018 година. н.ц.