Кошаркарите на Милвоки Бакс го вратија брејкот со победата во Бостон 123:116 и сега водат 2-1 во плеј-оф серијата против Селтикс.
Клуч за триумфот на Бакс беше третата четвртина во која постигнаа 40 поени и во која негативата од еден поен што ја имаа на полувремето ја претворија во позитива од осум коша.
Во последниот период предноста на Милвоки достигна и до највисоките 17 поени.
Јанис Адетокумбо ги предводеше Бакс со 32 поени, 13 скока и 8 асистенции, Џорџ Хил постигна 21, а Крис Мидлтон 20 поени.
На спротивната страна се истакна Кајри Ирвинг со 29 поени, Џејсон Тејтум постигна 20 поени, а Џејлен Браун 18.
Наредниот меч се игра исто така во Бостон на 7 мај.