Ромелу Лукаку по завршувањето на сезоната ќе ги напушти Манчестер Јунајтед. Медиумите во Англија, пишуваат дека клубот следи тројца играчи, а еден од нив треба да пристигне на „Олд Трафорд“.
Лукаку не е задоволен од сезоната што ја има зад себе, иако имаше еден добар период кога постигнуваше голови. Се шпекулира дека тој ќе замине во Италија за сума од 70 милиони евра.
Опциите што ги има Оле Гунар Солскјер се Жоао Феликс, Муса Дембеле и Томас Милер.
Феликс од Бенфика е првиот пик на Силскјер. Неговата откупна клаузула изнесува 120 милиони евра.
На радарот на Јунајтед е и Муса Дембеле напаѓачот на Лион. Тој е поевтин од Феликс, а според проценките Лион би го пуштиле за сума помеѓу 40 и 50 милиони евра.
Изненадува третата опција на Солскјер. Тоа е 29 годишниот играч на Баерн Минхен, Томас Милер. Искусниот напаѓач е незадоволен од улогата што ја има кај Нико Ковач и според германските медиуми побарал да го напушти клубот.