Top Sport

Бобиќ: Не сме преговарале со Реал околу трансферот на Јовиќ

Спортскиот дирекотор на Ајнтрахт Франкфурт, Фреди Бибиќ, ги демантира наводите дека Реал за 60 милиони евра го договориле трансферот на Лука Јовиќ.

Шпанските медиуми, пред сите „АС“, објавија дека српскиот репрезентативец ќе потпише шест годишен договор со Реал, а трансферот ќе изнесува 60 милиони евра.

„Не сме имале преговори со претставници на Реал. Уште еднаш ќе повторам, ова не се бели лаги, навистина нас никој не не контактирал“, рекол Бобиќ за „ЕСПН“.

По оваа изјава се шпекулира дека најверојатно претставниците на Реал ги договориле условите со менаџерот на Јовиќ, а дури потоа ќе стапат во преговори со Ајнтрахт.

АС: Лука Јовиќ во Реал за 60 милиони евра

Scroll to Top