Top Sport

Шкендија ја одбрани титулата, Ренова и даде девет гола на Победа

Екипата на Шкендија ја одбрани титулата во домашното првенство, откако по 32 коло стекна предност од 12 бода во однос на Вардар.

Шкендија, во Скопје, минимално го победи Работнички 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Тотре во 91 минута.

Вардар во ова коло гостуваше кај Шкупи и не успеа да победи. во мечот кој заврши 2.2, Шкупи два пати водеше преку Сержињо и Бајрами, а Врадар се враќаше преку Жуниор и Мицевски.

Ова коло ќе се памети и по убедливата победа на Ренова над Победа. Прилепчани се веќе испаднати од лигата, но тоа не им е оправдување за поразот 9:1

Резултати:

Беласица-Македонија ЃП 3:1
Работнички-Шкендија 0:1
Ренова-Победа 9:1
Шкупи-Вардар 2:2
Силекс-Академија Пандев 3:0

Табела: Шкендија 72 бода, Вардар 59 Академија Пандев 53, Шкупи 43, Ренова 42, Работнички 39, Македонија ЃП 38, Силекс 37, Беласица 34, Победа 23.

foto/facebook.com/fcshkendija

Scroll to Top