Top Sport

Салах може да се врати за реваншот со Барселона

Во Ливерпул се оптимисти и велат дека Мохамед Салах може да биде подготвен за настап против Барселона во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите во вторник по повредата на главата против Њукасл во неделата, но Роберто Фирмино дефинитивно нема да настапи.

Салах беше изнесен на носилки од „Сент Џејмс парк“ по судирот со голманот на Њукасл Мартин Дубравка во 3:2 победата и ќе биде потребен на „црвените“ кои имаат 0:3 негатива по првиот меч со Барса.

Најдобриот стрелец во Премиер лигата, дури можел да го догледа финишот на мечот од соблекувалната откако неговата замена Дивок Ориги го постигна победничкиот гол со кој Ливерпул се врати на првото место на табелата со два поени пред Манчестер сити, кои во понеделник играат со Лестер.

„Мо доби колк на голманот во главата и потоа удри и во тревата. Кога се вративме во соблекувалната, тој го гледаше натпреварот. Беше океј, но мора да почекаме бидејќи доби удар. Боби Фирмино пак, има повреда на мускулот и нема да може да игра против Барселона“, изјави тренерот Јирген Клоп.

Ориги го задржа Ливерпул во шампионската трка (Видео)

Scroll to Top