Top Sport

Солскјер: Јунајтед и следната година нема да се борат за титула

Оле Гунар Солскјер признава дека Манчестер јунајтед ќе имаат тешка борба да влезат во топ 6 во Премиер лигата и следната сезона, иако Норвежанецот вети дека ако му се даде време тој ќе го врати клубот на врвот, каде што припаѓа.

„Ѓаволите“ немаат титула во Премиер лигата од последната титула на Сер Алекс Фергусон во 2012/13, и оваа сезона се на шестото место пред последните два меча од сезоната, со огромни 29 поени заостанување зад лидерите Ливерпул.

Солскјер беше потврден како постојан менаџер во март, откако го замени Жозе Мурињо во декември, но по одличниот старт, тимот има само 2 победи во последните 10 меча.

„Постојано се среќавам со Ед Вудвард, потпретседателот на клубот, се видов и со Џоел Глејзер, и тие реално гледаат на работите, околу тоа каде сме и каде треба да стигнеме и најважно, колку време ќе биде потребно за тоа. Не можете да стигнете 27 поени во една сезона, тоа е сигурно. Не се работи само за оваа сезона, туку за последните пет-шест, знаеме дека едноставно не сме доволно добри. Борба за титулата следната година не е реално. Секако, јас сум секогаш оптимист, но тоа не реално бидејќи двата клуба на врвот на табелата се далеку пред сите останати. Треба да одиме чекор по чекор и да ги бркаме тие пред нас“, вели Солскјер.

Scroll to Top