Top Sport

Како го прави ова? Канело како во „Матрикс“ (видео)

Саул „Канело“ Алварез во саботата навечер во Лас Вегас стигна до нова победа, овојпат на поени над Даниел Џејкобс, но еден момент ги остави сите боксерски фанови во недоумица – како го прави ова Мексиканецот?

Во четвртата рунда, Џејкобс, кој имаше сосема добар меч, успеа да влезе во комбинација на удари кои обично би предизвикале доста „штета“ за противникот, но Канело, не е обичен боксер. Тој успеа да избегне 10 удари, по што фановите го споредија со филмот „Матрикс“, но и со легендарниот меч на Мухамед Али против Мајкл Доукс во 1977 година.

Канело се намачи со Џејкобс, но остана „крал“ во средна категорија (видео)

Scroll to Top